Србија има процент на смртност од 2,09 проценти, а Македонија има процент на смртни случаи од огромни 4,77%.
Ова го покажува компаративната анализа на податоци за КОВИД-19 во двете земји. Македонија има 2,28 пати (228%) поголем процент на смртност од соседната земја.
Во нашата земја досега се заболени 3.538 граѓани, во Србија 12,311. Македонија има 169 починати, Србија 251.
Овие податоци го деманатираат и министерот Венко Филипче кој се вадеше дека не се сметало како број на починати на милион жители, на кој начин би биле апсолутни црни „шампиони“ во соседството, туку според починати на број на заразени.
Инаку, Бугарија со 7.364.000 жители има 167 смртни случаи, Грција на 10.724.000 жители има 183 починати, а Албанија со 2,821,977 жители има само 34 починати.
Македонија според последниот попис има 2.067.000 жители…