Филипче ќе ги приватизира сите болници и Градската болница е на тој список?!

Градската општа болница „8-ми Септември“ исто така е планирана да влезе во концептот на јавно приватно партнерство. За ова информирани се зборуваат и шефовите на оддели, и вработените. -Не информираа…

Градската општа болница „8-ми Септември“ исто така е планирана да влезе во концептот на јавно приватно партнерство. За ова информирани се зборуваат и шефовите на оддели, и вработените.

-Не информираа дека и оваа болница ќе биде јавно приватно партнерство, вели вработен кој кажува дека кај вработените има и дилеми што ќе значи тоа за нив.

Како што вели нашиот извор за ова се информирани и шефовите на оддели.

Во меѓувреме откако министерот за здравство Венко Филипче го промовираше овој концепт, засега детската кардиохирургија функционира како јавно приватно партнерство. Во план се и други области за кои се изработи и физибилити студија меѓу кои и за Итната помош и Домашна посета. Во план беше под концептот јавно приватно партнерство да биде и трансплантацијата.

Сето ова како одлука на владата дека треба да се реализира концептот јавно -приватно партнерство помина на владина седница во мај 2018 година. Според одлуката под овој концепт треба да одат Итната помош, стерилизација, Градската општа болнца „8-ми Септември“. Не е започнат и нема информации за јавноста само за „8-ми Септември“.


Related Articles