Министерот за здравство, Венко Филипче денеска со допис до директорите на јавните здравствени установи во рамки на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Тој ги повикува директорите да достават дописи да информираат што недостига во Клиниките, што треба да се реновира, за да биде набавено или средено.
Имено министерството за здравство ги бара информациите со цел „изработка на урбанистичко проектна документација и проектно техничка документација за потребите на јавните здравствени установи во рамки на Универзитетскиот клинички центар Мајка Тереза“. Станува збор за јавна набавка, како што се вели во дописот предвидена со Годишната програма.
Овој допис се праќа до директорите во период кога министерот на големо зборува за нов клинички, но е и период пред избори, а се појави и информација дека пропаѓа кредитот од австриските финансиски групации.
-Новиот Клинички центар нема да се гради со кредит од конзорциумот од трите банки, Ерсте груп, Раифазен банк и Уникредит како што беше одлучено во јули минатата година. Но, се отвора прашањето дали „виси“ и втората можност – заем да се земе од развојните банки при Совет на Европа (ЦЕБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ), кои по барање на Министерството за финансии, пројавиле интерес за кредитирање на оваа најголема инвестиција во државата, пишиваше денновиве Новатв.мк.
Филипче минатата година соопшти дека ќе биде земен кредит од 500 милиони евра од конзорциум на три банки, „Ерсте груп“, „Раифазен банк“ и „Уникредит“.
-Шест месеци подоцна, на 16 декември минатата година, Владата ја прифатила информацијата кредит да се побара од двете развојни Банки и оваа одлука во јавноста помина незабележано, пишува Новатв.мк.