Грипот ги празни и градиниките и училиштата. Во текот на шестата недела од 2020 година или во периодот од 3 февруари до 9 февруари што се последни објавени податоци за состојбата со грипт има пријавени 3.614 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 27,9% во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица споредено со истиот период од лани или 2019 година е зголемен за 60,9%.
Но, и покрај овие бројки не се преземаат мерки, не се прогласува епидемија. Впечатптокот е дека здравтвените власти спијат.
Професор Велибор Тасиќ од Универзитетска клиника за детски болести во Скопје смета дека треба да се прогласи епидемија.
-Ќе се прогласи епидемија на грип да или не. Празни градинки, училишта преполни амбуланти, Козле, Детска клиника, Инфективна клиника. Србија прогласи. Што е причината кај нас?, ја констатира ситуацијата професорот и прашува дали ќе се преземат мерки кај нас или што е причината што не се дејствува.
Грипот ја зема и втората жртва во Македонија. Станува збор за повозрасен човек. На Универзитетската клиника за инфективни болести почина 85-годишен пациент со бронхопневмонија како компликација од грип од типот АХ1. Пациентот имал и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од оваа јавна здравствена установа.
Ова е втор смртен случај од компликација од грип. Минатата недела девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.