Продлабочување и унапредување на соработката со бугарското Министерство за здравство во делот на разменување искуства, знаења, едукации и странски експертизи, била целта на денешната работна средба меѓу министерот за здравство Венко Филипче и бугарскиот заменик-министер за здравство Бојко Пенков.

Министерството за здравство, Филипче на средбата истакнал дека многу ја цени поддршката за унапредување на условите и работата во областа на гинекологија и акушерство, неонатологија и педијатрија.

Билатералната соработка меѓу двете земји, како што се посочува, ќе се развива во делот на посета на лекари и користење на нивната експертиза за обука на кадарот во јавните здравствени установи во Република Македонија. Бенефитите од овие обуки ќе се користат во делот за намалување на смртноста кај новороденчињата и зајакнување на капацитетите во македонскиот здравствен систем, информираат од Министерството за здравство.

Додека директорката на ГАК, Јовановска денес пред медиумите излезе и кажа дека колегите од Бугарија давале совети и насоки во однос на одредени ситуации за иницирање на родилките при пораѓање. Тука се наметнува прашањето ќе има ли експерти или се ќе се сведе на совети и насоки?

По средбата Филипче и Пенков ги посетиле универзитетските клиники за гинекологија и акушерство и за детски болести, каде било договорено експерти од Софија да дојдат во посета и да работат со македонските лекари на Клиниката за гинекологија и акушерство, оставаме на времето да покаже во кој правец ќе се одвиваат работите.