Министерот за здравство,Венко Филипче во текот на вчерашниот ден даде изјава по медиумите дека министерството активно работи на конечно решение на сообраќајниот хаос и паркирањето во Клинички центар. Исто така, беше потенцирано и дека Министерството за здравство работи и на нови решенија за поквалитетни услуги за детската кардиохирургија и ин витро фертилизацијата. Но дали тоа е навистина така и каква е состојбата во клиничкиот центар?
Иако состојбата не е баш најсјајна, министерот и покрај се изгледа дека најмалку се грижи за сообраќајниот хаос, за гужвите низ клиничкиот центар, за нередовното пристигнување на пациентите, за услугата мој термин, за ветувањето за катната гаража. Од министерството за здравство посочија неколку пати дека ќе ги решат работите и проблемите со сообраќајниот хаос на клиничкиот центар, меѓутоа тоа е сеуште само мечта за македонските граѓани, за македонските пациенти. Не се решава ниту вишокот на возила, не се доделува тендерот за паркинзите и за чистотата во клиничкиот центар на некоја друга компанија, освен на коалициониот партнер од власта, ДУИ.
Колку само за потсетување пред неколку недели поради натрупаните возила и сообраќајниот хаос кој владееше и сеуште владее во клиничкиот центар во Скопје, една 68 годишна пациентка пробивајќи си го патот од една кон друга клиника била удрена со лесно моторно возило и веднаш била пренесена во ургентниот центар каде и била укажана медицинска помош. Оваа пациентка е само една од низата вакви случаи кои власта и министерството ги кријат од очите на јавноста, само да се покажат себеси во убаво светло.
Граѓаните со кои разговаравме ни посочија дека не веруваат дека некој ќе го среди сообраќајниот хаос во клиничкиот центар, еден од анкетираните посочи дека можно решение е дислокација на клиничкиот центар со поубаво собраќајно решение таму каде што ќе се премести, но никој од нив не верува дека набрзо сликата во клиничкиот центар ќе се смени во однос на сообраќајниот хаос и метеж. Исто така не веруваат и дека даденото ветување за изградба на катната гаража некогаш ќе стане реалност.
На ваквите работи треба да реагира министерот Филипче и да даде изјава, каде се објаснувањата пред граѓаните што ќе направи, кои чекори ќе ги превземе? Како ќе го среди хаосот? Лесно е да се каже, да се вети како и до сега, според неговата пракса тоа не е ништо страшни, ниту пак некој се држи до ветеното, но што правиме со исполнувањата на дадените ветувања, треба да се работи, не е така лесно – посочија дел од граѓаните кои не сакаа да коментират пред објективот на нашата камера.