Робот ќе оперира пациенти на скопските клиники од идната година. Како што информираше министерот за здравство за почеток роботот Да Винчи ќе го користат на Дигестивна, Урологија и Гинекологија. Претходно по двајца лекари од овие клиники треба да поминат обука во Бугарија за да да можат да работат со машината.
-Предноста е што тоа е минимално инвазивна хирургија, интервенцијата трае пократко време, пократко време трае и опоравувањето на пациентот, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.
До толку ли надлежните мислат дека никој од граѓаните нема да помисли дека министерот Филипче се обидува сите доктори што се заминати да ги замени со „Да Винчи“. Фактот дека тој неможе да го сопре или пролонгира нивното заминување да најде друга алтернатива е повеќе од очигледно. Ама затоа за министерот има и друг избор, тука е „Да Винчи“ роботот од еден и пол милион евра.
Воведување на роботиката во здравството Филипче го има најавено од претходно, но дали постои можност „Да Винчи“ да заврши во некоја матична ординација како замена за доктор и да прегледува деца, тоа подобро упатените неофицијално го коментираат. Не ни е потребно роботизирано здравство, потребни се искусни, вистински доктори и медицински персонал. Дали за Венко со еден робот и тука ќе застане роботизацијата на здравството потребно е министерот да одговори. Каде е Филипче да изнајде решение за персоналот што заминува да го задржи, не е потребно да најдеме замена, потребни се вистински доктори, зар не?
За ова слободно може да потврдат и 700-те пациенти годишно на клиниката за неврохирургија. Нели?