На граѓаните, поточно на пациентите болни од дијабетес деновиве им беше поделен инсулин чиј рок изминува за петнаесетина дена. Количината која им е поделена треба да им трае околу месец и половина или два месеци.
Имено, добро упатени извори информираат дека станува збор за инсулин кој е донација со краток рок на важење. Односно наместо да се плати скапа процедура на уништување на инсулинот, фирмите имаат интерес да го донираат. Поедноставно кажано, инсулинот на кој му се приближува рокот на траење, за да не биде уништен според скапа процедура која треба да ја плати компанијата производител или увозник, да биде дониран, односно потрошен преку делење на пациентите. На тој начин компанијата производител и увозник заштедуваат да ја платат процедурата на уништување, односно таа ќе падне на терет на граѓаните односно пациентите.
Значи за инсулинот со изминат рок пак има посебна процедура за уништување. Како оди процедурата? За да се уништи инсулин со пројден рок има посебната процедура чие што спроведување опфаќа постапки на собирање, складирање, и разградување на производот а за тоа компанијата производител мора да плати и да направи одредени трошоци. Во дадениов случај, за да не плаќа фирмата производител, односно увозник се прави донација. Инсулинот кој е при крај на истек на рокот се дели по пациенти…. а за делот што ќе остане министерство за здравство ќе го плати уништувањето. Со еден збор некој се богати, заради тоа што наместо компанијата производител, односно увозник инсулинот ќе се уништи на сметка на граѓаните, односно даночните обврзници кои редовно плаќаат кон државата.
Имено за ваквиот инсулин со рок кој истекува во септември реагираа граѓаните. На социјалните мрежи имаше и фотографии објавени од револтираните граѓани.
Инсулинот им е даден деновиве, а истиот треба да го користат околу месец и половина два, а рокот истекува за две недели или во септември.
-Филипче, што правиш, дали си свесен воопшто што правиш??? На сите дијабетичари тип 1 , меѓу кои најголем процент се деца и млади луѓе, ни дадовте инсулини, чиј што рок е до деветти месец!!!! Како можеме да ги употребиме сите тие флакончиња за две недели??? Што е ова, бре? Убиство? После треба со поминат рок ли да земаме инсулини? Па вчера вакви инсулини, кои имаат рок на траење уште две недели и кои се донација, им дадовте на деца, кои чекаа пред мене. БРЕ!!! Овие инсулини мене треба да ми траат месец и половина, а рокот е до 9-ти 2018 !! Значи после тоа со поминат рок ли да земам? А бе, што правите? Ова НИКАДЕ ГО НЕМА, реагираше една пациентка на својот Фејсбук профил.