Германија објави нов дневен рекор на заболени од Ковид-19, дури 65 371 лице

Германските пратеници денеска одобрија нови мерки за борба против рекордниот број заразени од коронавирус. Одлуката, како што пренесуваат тамошните медиуми, дојде кога директорот на германската агенција за контрола на болестите…

Германските пратеници денеска одобрија нови мерки за борба против рекордниот број заразени од коронавирус. Одлуката, како што пренесуваат тамошните медиуми, дојде кога директорот на германската агенција за контрола на болестите предупреди дека земјата може да се соочи со навистина страшен Божик.

Меѓу новите мерки е и барањето вработените да докажат дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или дека имаат негативен тест на коронавирус за да може да пристапат на работното место. Мерките беа усвоени во Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент, со гласовите на социјалдемократите, зелените и либералдемократите, јавуваат агенциите потсетувајќи дека овие три партии во моментот преговараат за формирање нова влада. Новите мерки треба да ги одобри и горниот дом на германскиот парламент – Бундесратот.

Германската агенција за контрола на болестите, Институтот „Роберт Кох“, објави 65.371 нов дневен случај, со што беше надминат рекордот од претходните 24 часа и продолжи нагорниот тренд за кој експертите предупредуваат со недели.

– Во моментот се движиме кон сериозна вонредна состојба. Ќе имаме навистина ужасен Божик ако сега не преземеме контрамерки, рече директорот на Институтот, Лотар Вилер, за време на онлајн-дебатата. Тој рече дека Германија треба да ја зголеми стапката на вакцинација на над 75 отсто од сегашните 67,7 отсто. Некои области во Германија имаат стапка на вакцинација, која достигнува само 57,6 проценти.

Вилер повика на затворање на клубовите и баровите, прекин на големите настани и да се ограничи пристапот до многу делови од јавниот живот и тој да им се дозволи само на оние со вакцина или сертификати за прележан Ковид-19. Тој исто така предупреди дека болниците во Германија се пред колапс и дека секојдневно се борат да најдат кревети за пациенти со Ковид-19 и за оние со други болести.


Related Articles