Германската Влада денеска упати апел до своите граѓани да се откажат од божиќното купување пред да биде воведен целосен карантин.

– Се надевам и би сакал луѓето да одат во продавници само за најпотребните артикли. Што побрзо го ставиме под контрола овој вирус, тоа подобро за сите, изјави германскиот министер за финансии Петер Алтмајер.

Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски сојузни држави се согласија в среда да се воведе целосен карантин, што ќе трае до 10 јануари.

Со новите мерки е предвидено најмногу две лица од едно домаќинство, пет вкупно да можат да бидат во еден стан, не сметајќи ги децата под 14 години.