Голем број германски покраини се соочуваат со построги антиковид мерки, и на приватни и на јавни места, со цел да се запре ширењето на новиот бран што го предизвика варијантата Омикрон. Собирите во затворен и отворен простор се ограничени, а спортските сали, базените, ноќните клубови и кината ќе бидат затворени во неколку земји, додека работното време на рестораните ќе биде пократко, објавија светските медиуми.
Меѓутоа, мерките се разликуваат кога станува збор за вакцинирани и невакцинирани. Приватните собири се ограничени во областите каде што не беа воведени мерки пред Божиќ до максимум 10 лица, за вакцинирани и закрепнати од Ковид. Кога станува збор за невакцинираните, од едно домаќинство може да се соберат најмногу две лица, додека од овие мерки се исклучени децата до 14 години.
Обврската за носење маски, воведена пред речиси една година, останува на сила во продавниците и јавниот превоз, а потребно е да се покаже потврда за вакцинација во објекти каде што можат да влезат само вакцинирани лица. Во Германија 71 отсто од граѓаните досега примиле две дози од вакцината, а 36 отсто примиле и бустер доза.