Во Македонија се случува до сега невидена, огромна демографска катастрофа. Жално и тажно е она што се случува на Македонија со иселувањето, со депопулацијата, со овие катастрофални демографски движења, истакна на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека во 2019 година се случиле три најкатастрофални работи во историјата на македонската демографија.
-Прво , откако постојат бројки и статистики во Македонија за прв пат мината година имаме повеќе умрени отколку родени. Македонија официјално е во демографска рецесија, Македонија исчезнува и Македонија умира. Тоа е „животот“ којшто го донесе Зоран Заев и неговата пустош. Во 2019 година според прелиминарните податоци во Македонија има:
– 19.725 родени и
– 20.407 умрени лица.
Што значи дека бројот на умрени е за 682 поголем од бројот на родени лица. Бројот на умрени е 3,5 фрапантни проценти поголем од бројот на родени деца.
И покрај тоа што Македонија биолошки умира има ситуација каде што за прв пат во историјата бројот на родени деца е под 20.000, секогаш сме имале повеќе од 20.000 родени бебиња, но со ова иселување коешто го донесе Зоран Заев со катастрофалните политики на Мила Царовска и овој егзодус којшто и се случува од Македонија и со оваа неспособност со корупцијата која ја приредува Заев и неговите министри.
Во 2016 година Македонија податоците се следниве:
-23.063 родени деца и
– 20.315 умрени лица.
Што значи дека бројот на родени деца бил поголем од бројот на умрени лица за 2.748, нагласи Ѓорчев.
Во груби бројки сега имаме пад од 23 000 родени деца, на 19 700 родени деца. Тоа не е мал пад, тоа е огромен пад. Во 2016 година Македонија имала 2. 700 жители повеќе, сега има 700 помалку. Ова се жални и тажни бројки кога ги гледа човек или пак ако видите чисто само споредба 2018 со 2019 година демографската рецесија е фрапантни 9%, пад од 21.666 родени бебиња на 19.725 бебиња. Во текот на три години на мандатот на Зоран Заев демографската рецесија од рекордни 15% и навистина загрижувачка.
Македонија се наоѓа во невидена демографска рецесија, непозната од историјата на Македонија. Никогаш не била полоша, за прв пат во историјата на Македонија имаме повеќе умрени одошто родени за 3.5%. Никогаш во Македонија немало помалку родени бебиња и никогаш немало под 20.000 родени бебиња. Само во една година имаме изгубено 100 паралелки со падот на бројот на родени деца. Ова се ужасни бројки, ова е огромна демографска рецесија и за ова Зоран Заев, Мила Царовска, Венко Филипче и сите останати имаат историска одговорност.