Државата нема да преземе мерки во однос на континуираниот пораст на цената на нафтата и нафтените деривати. Методологијата за пресметка на цените нема да се менува се дури така не одлучи Регулаторната комисија за енергетика, ниту пак може да се укине ставката за производство која подразбира во цената на нафтата да се вкалкулираат и 27 долари по тон за нафта произведена во земјава.
Иако во Македонија не се произведува гориво веќе 6 години, такво нешто според најавите може да се очекува дури догодина кога истекува важноста на договорот потпишан меѓу владата и Хеленик петролеум во 1999 година.
- Државата мора да ги почитува обврските од меѓународните договори, кога ќе истече овој, ќе се ослободиме од таквите клаузули, вели вицепремиерот Анѓушев.
Државата останува на ставот дека мора да остане акцизата за дизелот која од оваа година е зголемена за 3,5 денари, но вети мерки кои се однесуваат на транспортерите кои работат со странство. Како што странските транспортери можат да повратат дел од акцизата така и ние, рече Анѓушев ќе бараме да се обештетат нашите транспортери.
Ако се суди според цените на нафтата на светските берзи, и во следниот период ќе има пораст на горивата во македонија.
Според кварталниот извештајк на НБРМ за цела 2018 година е извршена нагорна корекција на цената како резултат на договорот на змејите од ОПЕК и Русија за намалување на производството,помалото ниво на залихи во САД и зголемените геополитички ризици во Блисклиот Исток.Од друга страна пак поголем пад на цената ан нафтата се проектира во 2019 година.