Пандемијата на новиот коронавирус успеа да ослободи „цунами од омраза и ксенофобија“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Гутереш без именување на одредени земји, повика на усогласен напор да се стави крај на оваа состојба.
Гутереш додаде дека мигрантите и бегалците, кои се озогласени како извор на вирусот и на кои им е скратено правото на здравствено лекување, се посебно погодени од пандемијата на Ковид-19.
Генералниот секретар на ОН ги повика медиумите да ја отстранат „расистичката, мизогенистичка и штетна содржина“, а образовните институции да се фокусираат на дигиталната писменост во време кога лажните вести продолжуваат да се шират на интернет.