Денес во кругот на комплексот на клиники „Мајка Тереза“, едно возило удри пешак. Жената (69) во која удрило возилото со тешки телесни повреди била пренесена во Ургентниот центар.
Само да потсетиме дека на својата прва прес конференција министерот за здравство вети дека ќе го реши сообраќајниот хаос и проблемот со паркирани возила кај Клинички центар со повеќе мерки во кои ќе учествува МВР и Град Скопје. Се со цел да се спречи блокирањето на амбулантните возила на улицата „Мајка Тереза“, како и самиот пристап до клиниките.
Сепак ветувањето на министерот остана подзаборавено,метежот од автомобили и пешаци кои одвај се движат по тротоарите се секојдневна слика во клиничкиот центар„Мајка Тереза“. Нервозни граѓани, блокирани улици и влезови на болници, тоа е реалната слика за жал.
Граѓаните вознемирени, секојдневно прашуваат во што се инвестираат парите од министерството, и дали до министерот допира нивниот глас.