Цвеклото е намирница која е позната по своите лековити својства, а денес ви го претставуваме рецептот за хумус од цвекло која ќе ви го регенерира црниот дроб и буквално ќе го препороди.

Иако намазот од цвекло можеби не ви звучи претерано вкусно, кога ќе го пробате ќе се уверите во спротивното. Кој го пробал се воодушевил, ако не поради вкусот, тогаш посради сите лековити својства кои го има.

Имено, цвеклото е зеленчук преполно со нутритивни својства, преполно со влакна, антиоксиданти и супстанции кои го поддржуваат здравјето на црниот дроб, а познато е по тоа што го подобрува и забрзува процесот на детоксификација.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 цвекла со средна величина или 3 помали
1 конзерва леблебија
1 ½ лимон- сок
5 чешниња лук
½ лажичка морска сол
50 мл маслиново масло
50 мл вода

ПОСТАПКА:

Цвеклото добро измијте го и ставете го во тенџере со вода, па гответе го на тивок оган додека да омекне, околу 40 минути.

Откако ќе се свари, цвеклото измијте го под млаз ладна вода, излупете го и исечете го на поголеми делови.

Сите состојки ставете ги во блендер, вклучете и оставете да се претвори во кремаст намаз.