„Најлошо досега“

Секоја година слушаме дека ова е најлошо време за лицата кои страдаат од алергија. Но, дали е тоа вистина или само претерување? Експерти велат дека е вистина и тоа поради тоа што климата навистина се менува, а тоа ја влошува ситуацијата за оваа група на луѓе.

Немојте да бидете сам свој доктор

Многу луѓе мислат дека се алергични на различни работи, но тоа не мора да биде вистина. Најдобро е да ве тестира експерт, единствено така ќе откриете на што навистина сте алергични. Ако сами глумите доктор, можете само да ја влошите вашата ситуација.

Внимателно со лековите

На некои луѓе вообичаените лекови против алергија, односно оние кои би требало да ги намалат симптомите на алергија, не им помагаат. Лековите се многу индивидуална работа, па би било добро заедно со вашиот доктор да го одберете оној кој најмногу вам ви одговара, а не сами да ги избирате лековите.

Инјекции

Алергиските инјекции им помагаат на голем број на луѓе, но тие сепак не се за секого. Ако сте, на пример, алергични строго на амброзија, тогаш тоа е алергија која трае една сезона и во тој случај инјекциите не се препорачливи. Тие се подобри за лицата кои страдаат од повеќе видови на алергии и во повеќе сезони.

Лекување на време

Иако се свесни дека имаат алергија, многу луѓе не почнуваат со лекување на време, па симптомите им се влошуваат уште повеќе. Немојте да си го дозволите тоа, бидејќи ситуацијата може многу да се влоши ако не го почнете лекувањето на време.

Внимателно со килограмите

Ова посебно не сакаат да го слушнат лицата кои страдаат од алергија, но тие мора да бидат внимателни со килограмите, посебно оние кои страдаат од астма. Вишокот на килограми влијае на работата на белите дробови, па ситуацијата може да стане сериозна, предупредуваат експерти.

Незабележлива алергија

Зачудени сте бидејќи алергијата ви се појавува дури во постари години? Многу веројатно сте имале симптоми уште во детството, но не сте ги забележувале, односно не сте ги поврзувале со алергија.