Денес е интернационален ден на петлечењето. На денешен ден 22-ри Октомври во 1998 -та година било одлучено да се прогласи за Интернационален ден за подигање на свест за пелтечењето или ИДПСП. Бил официјално назначен само со причина да ја зголеми свесноста кај населението за луѓето кои пелтечат.

Денес 1 % од светската популација има проблем со пелтечењето или приближно околу 64 милиони жители. Оваа појава вообичаено се појавува кај дечињата и е на возраст од 2 – 5 години и трипати повеќе е застапена кај машките отколку кај девојчињата.

Кои се причините за појава на пелтечењето, може некој од вас ќе се запраша?

Децата почнуваат да пелтечат од различни причини, кои се разликуваат од дете до дете. Најчесто станува збор за комбинација од многу фактори, особено наследни, јазични и развојни. Ова нарушување на говорот се карактеризира со повторување на делови од зборови и реченици, продолжување на гласови, одложувања во говорот, несоодветни паузи, вметување на различни гласови (ааа, па, ммм), подолго траење на говор, употреба на непотребни звуци и сл.

Децата кои пелтечат се плашат од потсмев од своите врсници, поради што повеќе се отуѓени од општеството и се јавува страв од зборување. Причините за оваа појава главно се од психолошка траума, стрес или страв кој предизвикува хиперактивност во центарот на мозокот. Симптомите кои откриваат дали се работи за тешко или привремено нарушување се бројни.

Детето кое пелтечи – повторува одредени гласови, слогови или зборови неколку пати, мускулите на лицето или вратот се напнати, се јавуваат комплетни блокади, по неколку секунди, и сл.