Растението пурпурна ехинацеа има ефикасен заштитен ефект врз вирусите вклучувајќи го и вирусот Ковид-19, открија научниците од Универзитетот во Антверпен, пренесуваат денеска светските весници.
Според тимот на научници под водство на професорот Вим Ванден Берг ова растение има “многу ветувачки“ последици за повеќе респираторни вируси. Пурпурната ехинацеа помага во борбата против респираторни вирози, но и помага да се намали ризикот од заразување, посочуваат научниците од Универзитетот во Антверпен.
Првите резултати од лабораториските тестирања се покажале многу позитивни бидејќи растението го зголемува вродениот имунитет против вируси. Научниците спровеле клинички тестирања и врз возрасни и врз деца, секој пат со убедлив исход.
Екстрактот од пурпурна ехинацеа го намалува бројот на настинки, така што кај децата е забележано намалување дури до 98 отсто. Сепак лекот не би требало да биде комерцијализиран пред да се спроведат дополнителни тестови.