Ако не се оправдате самите себеси и ако не ги оправдате тие под вас за на вас задникот да ви биде чист никако поинаку неможе да функционирате. Се случуваат губења на животи, решавање на човечки судбини, деца ќе пораснат со еден родител, без мајки, само затоа што некој е партиски примен и затоа што заборавил двапати да провери пред еднаш да сече.

Г-не министре, одлуките се тешки, вие ги носите никој не ве тера со сила, ама веднаш после тоа кога некоја одлука ќе заврши несреќно или со некаков проблем неможе да се правдате дека не сте вие криви, се е во ред од наша страна, НЕ, во таа ситуација треба како што сте одлучувале, вие, вашите колеги, вашите потчинети партиски војници, вашите послушници, така треба ВИЕ истите и да си ја превземете вината и да си ги сносите одговорностите.

Овој извештај кој сте го дале во јавноста е срам за вас, вашата функција и тоа што го преставувате, бидејќи е само еден голем изговор за неправдите, осакатувањата, колежот и погрешните одлуки што ги донесувате во име на пациентите вие и вашите колеги доктори, партиски челници. При тоа мора сепак да се напомене секоја чест на исклучоците кои прават да знаеме ние макеодонските пациенти дека некој навистина се грижи, тој некој е светлината на крајот од овој темен тунел во здравството наречен Венко Филипче.

Подолу следи објаснението и изговорот на министерот и комисијата од министерството за здравство, дека ништо не е нивна грешка, прочитајте:

Нема лекарска грешка во случајот со смртта на 28 годишната родилка Маја Паневска од Свети Николе, која почина неколку часа по породувањето во штипската болница. Министерството за здравство тврди – сите медицински протоколи се испочитувани. По речиси два месеци од смртта, комисијата која ја формираше Министерот утврдила дека родилката починала поради медицински компликации.

„Се работи за компликација која предизвикува крвавење на кое, за жал, лековите не може да делуваат и да направат контракција на матката и на тој начин да се запре крвавењето.  Следуваат и други постапки после тоа што се преземени, но за жал биле без резултати“, вели Венко Филипче –  Министер за здравство

Маја Паневска претходно на свет донесе здраво машко бебе.
За смртта на 31 годишната родилка од Гевгелија пак, се уште се чекаат наодите. Елизабета Савиќ Динева се породи во гевгелиската болница, а почина дваесетина дена по породувањето на КАРИЛ. И таа на свет донесе здраво бебе.

„Да почекаме да се заврши увидот во документите, комисијата да го даде својот став, па ќе излеземе ние со наш став како Министерство“, вели  Венко Филипче –  Министер за здравство

Семејството на Динева се сомневаше на лекарски пропусти.

Пред една недела почина уште една родилка, која се породи во болницата во скопски Чаир. Од болницата тврдат дека била  примена како високо ризична бременост, а починала поради компликации.