Jапонската традиционална медицина препорачува пиење на вода веднаш штом ќе се разбудите како најважна природна здравствена навика.
Водата е вистински извор на животот и основен елемент на секоја функција во организмот. Без доволна влажност невозможно е да се замисли здрав крвоток, бубрези, мускули и особено прочистување односно елиминирање на штетни состојки од организмот. Пиењето вода генерално е добро за здравјето, а прва работа која на некому му се дава кога не се чувствува добро е токму водата. За жал, модерното време преплавено со разни хемикалии и лекови, го потиснаа фактот колку обичната вода е важна за нашиот добар, здрав и долг живот.
Еве една интересна препорака која му е позната на секој Јапонец. Се работи за јапонска терапија со вода позната од древните времиња, а која е актуелизирана по втората светска војна. Тогаш во јапонските списанија се појавила препорака извлечена од традиционалната медицина која советува почнување на денот со поголема количина на чиста вода.
Јапонската традиционална медицина препорачува пиење на вода веднаш штом ќе се разбудите како најважна природна здравствена навика. Научниците официјално ја потврдија ефикасноста на оваа пракса. Јапонската терапија со вода дава одлични резултати како природно средство за лекување на менингитис, дијабетес, гастритис, главоболки, астма, бронхитис, епилепсија, болки, срцеви проблеми, маснотии во крвта, болести на бубрезите и мочни канали, нервно растројство, хемороиди, болести на очите, менструални проблеми, општи слабости, губење на енергија и чистење на организмот.
Јапонската терапија со вода се одвива на следниот начин:
Наутро веднаш по будење, пред миење на забите потребно е да испиете 4 чаши млака вода, односно околу 640 мл. По испиената вода следните 45 минути не треба ништо да се јаде ниту пие. Потоа, продолжете нормално со своите навики.
Терапијата препорачува и консумирање на млака вода во текот на сите три оброци и 15 минути по нив, а потоа пауза од два часа од јадењето и повторно пиење вода. Терапијата дава извонредни резултати за поголемиот дел од проблемите и чистење на организмот веќе по 30 дена од практикувањето. Препораката е ваквиот начин на консумирање на вода да се усвои како постојано животно правило.
Не постојат никакви последици и опасности од вакви терапии, освен што може да предизвика малку почести мокрења. На оние на кои им е тешко да го започнат денот со половина литар вода, а особено на старитеи болните лица им се препорачува постепено достигање на посакуваната количина од 4 чаши вода наутро. На многубројните форуми на Интернет може да се најдат бројни сведоштва од луѓе кои на ваков начин значително го подобриле здравјето, енергијата, како и физичкиот изглед.
Жителите на Јапонија за разлика од западниот свет речиси никогаш не користат ладна вода со исхраната, а најчесто пијат топол чај за време на оброците.
Јапонците се едни од најздравите и најдолговечните нации на Земјата, а во 2008 година имаа регистрирано преку 33.000 лица постари од 100 години.