Поради сè полесниот пристап до одредени информации, луѓето сè почесто се обидуваат да најдат информации околу одредени болести, а дел од нив кога ќе ги прочитаат ваквите информации, веднаш започнуваат да чувствуваат одредени тегоби, слични на оние што до пред малку ги читале.
Ваквите луѓе се повеќебројни па оттука се поставува прашањето, што да направиме доколку некој наш близок член во семејството или пријател е хипохондрик, односно како да му помогнеме.
Помош од стручно лице
Иако ваквата постапка на „разубедување“ на личноста дека е здрава и дека нема реална потреба да се плаши дека нешто лошо може да му се случи, сепак вреди да се обидеме бидејќи ваквата состојба знае да биде навистина опасна доколку продолжи да трае подолг временски период.
Најдобро решение за ваквата состојба би било вашиот близок да го однесете кај соодветно стручно лице, односно психотерапевт што ќе работи со хипохондричниот пациент.
Стравот и вознемиреноста може значително да се намалат кај хипохондрикот преку дополнително едуцирање за проблемот.
Дали овие луѓе навистина се болни?
Во последно време сè погласни се тврдењата дека хипохондриците навистина се болни, но дали навистина е така. Според тврдењата на одредени здравствени работници, хипохондриците всушност страдаат од ретка болест именувана како Фабриева болест. Според нив, оваа болест може долго време да остане несоодветно третирана затоа што дава симптоми слични на хипохондријата односно пациентите болни од оваа болест речиси секојдневно чувствуваат болки на различни места од телото.