Враснатиот нокт на ножните прсти може да биде многу болен и непријатен проблем, а во просек со него се соочува секоја петта личност. Благодарение на оваа постапка, ќе можете да го решите проблемот и без посета на доктор.
1. Потопете ги стапалата во топла вода, што потопла тоа подобро. Држете ги нозете потопени 15-30 минути барем по двапати на ден.
Целта на редовните купки е да ги омекнете ноктите, но и да спречите евентуални инфекции на притиснатиот делот на стапалото. За миење нозе користете антибактериски сапун.
2. Пред купката, подгответе го сиот потребен прибор за уредување нокти и ставете го на дофат на раце: од ноктарка и ножици до памучни патрони и пинцета.
3. После купката, добро исушете ги нозете со чист пешкир, а потоа исечете ги ноктите право. Заобленото сечење го засилува ризикот од враснување на ноктот во кожата.
4. Со стерилна игла подигнете го враснатиот нокт од месото и внимателно поставете памук во меѓупросторот. Бидете трпеливи и не туркајте пресилно. Поставете го памукчето под врансатиот нокт за да спречите иритација и инфекција на прстот, па потоа целиот прст замотајте го со газа.
Не заборавајте дека овој прст ќе биде во контакт со другите прсти во чорапата и чевлите во текот на денот, што неминовно ќе доведе до потење.
5. Доколку има инфекцијата на прстот, бојата на кожата на овој дел од стапалото ќе се промени во изразито црвена до темносина. Штом забележите инфекција на прстот или гној, најдобро е да се обратите кај доктор, кој ќе може да ви препише соодветен лек.
6. Нека ви дишат нозете. Немојте да носите чорапи и чевли кога сте дома.
7. Редовно проверувајте ја ситуацијата со ноктот, а барем еднаш на ден менувајте го памукот. Доколку ја одржувате хигиената на овој начин, проблемот со враснатиот нокт би требало да биде минато за само две недели, кога веќе ги ви израсне нов и здрав нокт.
Совет плус: Воспалението на враснатиот нокт можете да го спречите на следниот начин: ставете парче лимон на оштетениот нокт, па замотајте го во газа и оставете го да делува преку ноќ. Киселината од лимонот ќе ви помогне во борбата со инфекцијата.