Постојат повеќе начини како да се заштитите од новиот коронавирус. Заштитните маски за лице се едни од најбараните производи по аптеките, заедно со средствата за дезинфекција на база на алкохол, но и двата се моментално во дефицит.
Маските за лице не е докажано дека можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот. Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други. Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице.
На врвот на мерките за заштита од новиот коронавирус е честото миење на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол. Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, бидете внимателни и темелно мијте ги рацете.
Лекарите препорачуваат: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Користете книжни марамчиња, но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. Облеката често перете ја или носете ја на хемиско.
Друга препорака е да избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Варете, печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.