Зимските ладни денови носат со себе и болести кои се скоро невозможни за избегнување бидејќи релативно лесно се пренесуваат: вирусите се шират преку воздухот, кивавица или допир со заразена личност. Човекот е заразен и пред појавата на првите симптоми, од пет до седум дена откако ќе се повлечат симптомите.
Некои луѓе можат да бидат заразени дури и кога немаат симптоми. Фактот дека вирусите многу лесно се пренесуваат е главната причина зошто сите луѓе со слаб имунитет се советуваат за начините на заштита.
Правила на первенција
1. Избегнувајте ги излегувањата – на местата каде престојуваат многу луѓе, особено во затворени простории со лоша вентилација. Доколку морате да бидете на такво место, држете дистанца меѓу луѓето барем едно метро.
2. Покријте го носот со марамче или ракав (не со дланка) додека кивате или кашлате. Марамчето веднаш фрлете го. Немојте да го чувајте во џеб за да го употребите уште еднашка. Облеката во која сте кивнале пресоблечете ја што е можно побрзо.
3. Редовно мијте ги рацете со сапун и топла вода, најмалку 20 секунди. Во сезоната на настинки и грип мијте ги рацете почесто од вообичаеното, обавезно по секое излегување или контакт со предмет кој го користат повеќе луѓе.
4. Не допирајте го лицето со валкани раце, особено не устата и носот. Така најлесно се пренесуваат бактерии и вируси.
5. Избегнувајте близок контакт со настината личнот или личност која е заболена од грип. Доколку некој од домот се разболи, седите во одвоена просторија и одредете една личност која ќе го негува.
6. Не делите крпа за бришење раце, облека или лични предмети со личности кои се заболени од грип или настинка.
7. Не одете веднаш на доктор доколку доколку имате грип или настина. Доколку се јават компликации, се чувствувате немокно и мислите дека треба да посетите доктор јавете се и одете при крајот на смената да не чекате многу. На тој начин ќе ја намалите шансата да заразите некој друг но и да „навлечете“ некој нов вирус на ионака ослабнатиот организам.