Калинката е едно од нај лековитите плодови со егзотичен изглед, кое поради големиот број на семиња се сметало за симбол на среќа.
Калинката е супер овошје кое е богато со витамин Ц, неколку витамини Б, одличен антиоксиданс, а со редовно консумирање помага за зајакнување на имунитетот, подобрување на крвната слика, квалитет на косата, кожата и ноктите. Се препорачува да се консумира најмалку една на ден, бидејќи има позитивен ефект врз хормоните.

Ова „рајско овошје“, како што многумина го нарекуваат, е еликсир на младоста затоа што го спречува стареењето на кожата, одлично е за сува кожа ја хидрира и обновува длабоко, го намалува холестеролот, ги штити бубрезите, го штити и регенерира црниот дроб, ги потиснува алергиите, штити од срцеви заболувања, рак на простата, рак на дојка, го регулира метаболизмот и крвниот притисок.

Можете да ја јадете калинката на различни начини, во салата, да пиете сок од калинка или да ја користите како додаток на разни јадења.