Конечно се заштитуваат бремените жени и оние кои планираат да раѓаат, освен ако не ви е пријател работодавецот или тоа нема да биде битно по донесување на овој закон? По правило за отказ на бремена жена газдата ќе заработи казна од три илјади евра и обврска да ја врати на работа, примената во пракса на овој закон ги интересира бремените жени во Македонија кои во моментот отсуствуваат поради бременост од работните места.

Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима – дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца, од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место.

, Image: 77082579, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Profimedia, Glow Wellness RM

Се забранува работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место.

Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат.

 

Токму поради таа причина и изразената загриженост кај нив дали овој закон по неговото донесување ќе биде применлив, ќе заживее или ќе биде само закон на хартија, додека во пракса ќе биде друго, што се испостави дека е пракса на владата до сега – посочија младите мајки.