Mинистерот за здравство Венко Филипче посочи дека анализата од десетгодишната Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст покажала одлични резултати и дека поради таа причина, слична Стратегија ќе биде имплементирана и во наредните десет години.
На манифестацијата беше наведено дека резултатите од анализата на Стратегијата, со која беа опфатени 93 отсто од децата до 14-годишна возраст во Република Македонија, покажале дека просекот на бројот на кариозни заби кај таа група во 2007 година, кога е започната Стратегијата, изнесувал 6,8, додека во 2017 година, при завршувањето на Стратегијата тој просек изнесувал 1,9.
– Заклучно со 2017 година заврши имплементацијата на 10-годишната Стратегија за унапредување на оралното здравје што покажа одлични резултати, кои ги промовиравме како во регионот, така и во останатите европски земји. Секако врз основа на тие резултати изработивме и нова Стратегија што ќе продолжи да се имплементира од оваа година во следните 10 години, истакна Филипче.
– Се надевам дека и со следната 10-годишна Стратегија ќе добиеме одлични резултати и уште повеќе ќе го унапредиме оралното здравје во Република Македонија. Кариесот остана еден од позначителните проблеми, посебно на детска возраст, поради тоа во новата Стратегија на таа проблематика ставаме посебен акцент, нагласи министерот за здравство.
Министерот Филипче си шупоти, го вози среќниот воз Министерство за здравство, видел дека нештото функционира од пред 10 години, па сега демек оваа влада или некој негов советник ќе прават друга стратегија за наредните 10 години. Не, напротив ќе ја ископираат стратегијата од минатите 10 години ќе сменат неколку збора и ќе ја дадат како нивна, зошто да се мачат кога се им е на готово, второ претходната власт и гарнитура во МЗ, работеше вредно и успеа да направи нешто за граѓаните, за дечињата некакви подобрувања, моментално ниту власта ниту министерот немаат идеја што би подобриле, во таа ситуација го применуваат најдоброто решение што им е на рака исто како и нивниот колега од друг сектор Шилегов. Тој нема да го намали загадувањето, нема да подобри нешто, само ќе продолжи со истите мерки како и претходната влада, истото и по негови стапки чекори и министерот Филипче, ќе го продолжи тоа што Тодоров го направи, кога подобро нема и тоа е одлично да се види наводно дека нешто се работи.
Затоа народот цело време посочува дека од ова министерство и министерот Филипче цело време продаваат басма, никој ништо не работи, само се продолжуваат проектите и работите од претходната влада и се чека можност за правење профит, лично богатење и манипулација со македонските пациенти до каде може и колку да се искрадат и парите да ги складираат тие што го водат овој здравствен хаос во државата.
Јавноста веќе препознава манипулација, затоа порачува, министре фатете се за работа, ја добивте позицијата поклон, немој да мислите дека народот за тоа ќе ве награди, тоа е одговорна позиција која бара работа македонските пациенти со нивното здравје неможе да почекаат на вас да ви дојде паметот дека треба да се работи и да почне да се појавуват резултати, нема време за чекање, ако сега нема, отиде среќниот воз.
Освестете се, само ветувања слушаме, кога ќе започне вистинската работа и средување на здравствениот хаос – прашуваат граѓаните?