Министерот за здравство, Беким Сали, денеска одржа средба со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Зуо. Според Министерството за здравство, кинескиот амбасадор е докажан пријател на Македонија кој важи за голем подржувач во справувањето со ковид пандемијата.
– На денешната средба разговаравме за забрзување на процесот за ИМП со 30 нови амбулантни возила и од страна на амбасадорот Зуо беше истакната заложбата за нивно што поскоро пристигнување. Во оваа прилика му се заблагодарив на амбасадорот Џанк Зуо и на народот на Народна Република Кина како наши големи поддржувачи во справувањето со ковид пандемијата – посочи министерот Сали.
Од министерството за здравство информираат дека на средбата било договорено и зајакнување на кадарот во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип.