Киселата зелка е неверојатна храна која ќе ве заштити од вируси. Овој исклучително хранлив зеленчук содржи витамини А, Б, Ц, Е и К, минерали селен, калциум, калиум, магнезиум, а бидејќи не е калоричен, можете да го јадете колку што сакате. Одличен е за имунитет и варење, а го нарекуваат и зеленчук против стрес.
Расолницата од кисела зелка, која обично се споменува како одличен лек за мамурлакот по претераното пиење, е добра и за чистење на организмот, па често лекарите велат дека е метла за желудникот и цревата.
Имено, млечно киселинските бактерии од киселата зелка ја одржуваат здрава цревната флора, а со тоа и целокупниот имунитет на организмот. За да се зачуваат хранливите материи и пробиотиците, се препорачува да се јаде сирова, без готвење.