Јагодите се сезонско омилено овошје на многумина, но има најмногу пестициди од сите други овошја.
Американското Министерство за земјоделство состави листа од „12 жигосани“ намирници кои содржат најмногу пестициди, а во 2018 година на прво место се јагодите.
Пестицидите се хемикалии кои ги убиваат инсектите, коровот, а конзумирањето на овошје и зеленчук кое содржи голем број пестициди е погубно за човечкиот организам. Истажувачите го миеле овошјето на начин на кој го прави секој просечен купувач, но утврдено е дека на јагодите остануваат околу 20 пестициди што е многу повеќе од другите пестициди.
На второ место е спанаќот, а голем број пестициди имаат и нектарините, јаболките, грозјето, кајсиите, црешите, крушките, доматите, целерот, компирот и пиперките.