Луѓето кои не можат без кофеин сметаат дека секое време од денот е идеално за пиење кафе, но новата студија која ја направила американската војска покажува дека не е сеедно кога ќе се внесе кофеинот во организмот, особено ако сакате да ве разбуди.
Научниците од војската на САД развиле алгоритам со кој н секој поединец му дава препорака кога е време за конзумирање кофеин, со цел да внесе мала доза на кафе, а да постигне максимално ниво на будност – пренесува „Science Dialy“.
Студијата покажува дека овој алгоритам на луѓето им го зголеми нивото на будност и подготвеност за 64 отсто и тоа без конзумирање повеќе кофеин од претходно. Покрај тоа, студијата заклучила дека и со помош на смислен распоред за уживање во кафето и правилно дозирање потрошен кофеин може да се намали на 65 отсто, а будноста кај поединци да остане на високо ниво.
Алгоритамот зависи од способноста за прецизно предвидување за тоа како поединец реагира на недостаток на сон и како реагира на кофеин – објаснил коавторот на студијата – Жак Рифман, научник од американската војска.
Еднаш кога алгоритамот ќе открие како некој реагира на недостаток на сон и недостаток на кофеин, тој создава илјада предлози за најдобро време на внесување кофеин – објаснил Рифман.