Јајца

Во фрижидерот јајцата може да бидат 3 до 5 недели.

Млеко

Млекото може да потрае и недела дена после рокот на траење. Доколку го променило вкусот, мирисот и изгледот, тогаш не е за пиење.

Jug of milk against herd of cows. Switzerland

Јогурт

Може да трае 7 до 10 дена после рокот на траење, а во замрзнувачот два месеци.

Кисели краставички

Отворена тегла кисели краставички во фрижидерот може да стојат до година дена, а тоа важи и за некои продукти како што се маслинките.

Млеко од соја

Млекото од соја е слично произведено како и кравјото млеко и за него важи истото правило.

Оцет

Рокот на траење на оцетот е бескраен. Естетските промени, како што е бојата или развојот на седиментот може да се случи во вид на оцет кој не белее, но производот сеуште може да биде сигурен за користење.

Мед

Медот своите квалитети ги задржува сè додека не се потроши.

Сенф

Кога го купувате во продавница, сенфот е чуван во фрижидерот и трае и до една година после истекувањето на траење. Тоа не важи за домашниот сенф кој се расипува многу побрзо.

Путер

Можете да го користите 2 недели после истекувањето на рокот. Замрзнатиот путер можете да го чувате 9 месеци.

Кафе

Отворено пакување од кафе трае од 3 до 5 месеци откако ќе му помине рокот на траење, а зрното кафе половина година.

Тестенини

Исушените тестенини после рокот на траење може да се користат до година дена, но сигурно после купувањето ќе ги искористите после неколку недели.

Зачини

Со исклучок на нането, скоро сите зачини од цимет до бибер, може да траат и 2 години после рокот на истекување.

Кечап

Кечапот во фрижидерот го задржува својот квалитет. После истекувањето на рокот на траење, може да се консумира освен ако не се појави чуден мирис.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да остане свежо од 18 до 24 месеци. Се препорачува да се држи на ладно и темно место, па дури и во фрижидер доколку живеете во место со топла клима.