Ако не можете да го поминете денот без да ги затворите очите бар на 15 минути, тоа е сосема во ред. Всушност, научниците откриваат дека попладневните дремки можат да ја зголемат свесноста и да му помогнат на мозокот да работи подобро во остатокот од денот.
Многу луѓе се чувствуваат виновни бидејќи за времето кое го поминале во краток сон, можеле да завршат уште некоја обврска, а други сметаат дека се мрзливи.
Сепак, дури науката вели дека 30-минутни соништа секој ден е препорачливо бидејќи тие можат да ја подобрат функцијата на вашиот мозок и вашата будност.
Постојат три типа на дремка:
Итни дремки – кога сте исцрпени и не можете да ги држите очите отворени.
Планирани дремки – чести, но незадолжителни дремки.
Вообичаени дремки – секојдневна навика, без разлика дали сте уморни.
Според експертите, нашите енергетски нивоа имаат тенденција да се намалат во раните попладневни часови, и затоа дремката има најголем ефект ако се практикува помеѓу 13 и 15 часот.
Во прилог, ве советуваме како да ги искористите сите придобивки од попладневното, кратко спиење:
- Иако дремките се важни, тие треба навистина да бидат кратки, па осигурајте се да навиете аларм, за спиењето да нема негативни ефекти.
- Спијте во сосема тивка средина, за дремката да биде одмор, а не дополнително измачување.
- Затемнете ја собата.
- Осигурајте се да одморите во удобна положба.
- Користете светло ќебе, додека вашето тело природно ја намалува својата температура кога спиете.
- Спиењето да не е повеќе од половина час.
- Пијте мед и вода пред и потоа.
- Искалкулирајте го времето правилно, за да бидете сигурни дека ќе ги завршите сите планирани обврски.
Доколку немате навика да спиете попладне, секој ден е одлична можност да започнете. На вашето тело ќе му биде потребно околу еден месец за да се прилагоди на новиот „часовник“, но резултатот ќе направи да се чувствувате поубаво и попродуктивно.
Заменете го кафето со попладневна дремка – нема да зажалите.