Комисијата за заразни болести наместо во вторник ќе се состанува во среда

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, денеска изјави дека во текот на утрешниот ден Комисијата ќе одржи состанок. Основна точка на состанокот ќе биде епидемиолошкиот пресек за…

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, денеска изјави дека во текот на утрешниот ден Комисијата ќе одржи состанок. Основна точка на состанокот ќе биде епидемиолошкиот пресек за минатата недела, а ќе има и точки кои дополнително ќе се разгледуваат, истакна Мехмедовиќ.

Состанувањето во среда, наместо во вторник ќе остане пракса за понатаму. Причина се обврските кои ги имаат некои од колегите и министерот за здравство, а така е попрактично и состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се одржува во среда, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

– Кога ќе заврши состанокот на Комисијата за заразни болести ќе има прес-конференција и тогаш ќе кажеме се што е расправано, што има донесено препораки и заклучоци, додаде д-р Мехмедовиќ.


Related Articles