Коронавирус во поштата во Велес- вработена позитивна, останатите во самоизолација

Вработени во поштата во Велес за КУРИР потврдуваат дека официјално имаат заболен вработен од коронавирус. -Поштата во Велес која се наоѓа кај пазарот веќе е затворена и сите тројца вработени…

Вработени во поштата во Велес за КУРИР потврдуваат дека официјално имаат заболен вработен од коронавирус.

-Поштата во Велес која се наоѓа кај пазарот веќе е затворена и сите тројца вработени се во карантин. Позитивна е една од вработените, велат вработените во поштата во Велес.

Тие додаваат дека местото од каде потекнува позитивната вработена е новиот кластер на вирусот, бидејќи вчера таму починала и нејзина сограѓанка, а заразени се повеќе лица.

Пациентката (70)  од Велес која вчера почина во „ГОБ 8 септември“ била примена и хоспитализирана на 2 јуни месецов.

Инаку во Велес во моментов има 27 заразени лица од коронавирусот, додека од почетокот на епидемијата вкупната бројка изнесува 150 лица.


Related Articles