Рецептот за чоколаден мус е создаден за сите оние кои сакаат десерти за кои не е потребна рерна и за кои е потребно малку време да се направат.

Чоколаден мус – состојки:

300 грама квалитетно темно чоколадо (околу 70 проценти какао)
3 јајца
¼ чаша (околу 55 g) шеќер
1 лажица какао во прав (без грутки)
300 мл слатка павлака (шлаг)
Малку рендано чоколадо за декорација

Чоколаден мус – подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа или во тенџере на многу тивок оган. Кога целосно ќе се растопи, тргнете го од оган и оставете малку да се излади.

Во еден сад измешајте ги јајцата и шеќерот и матете со миксер околу 5 минути или додека смесата да стане бледа, густа и да се удвои во волумен.

Во смесата се додаваат растопената чоколада и какаото во прав и се се меша додека не се добие кремаста маса.

Во посебен сад измешајте го шлагот. Кога ќе биде готов, со голема метална лажица постепено се додава шлагот во чоколадната смеса и со бавни движења се меша со раце додека се се соедини во лесна пенеста маса.

Истурете го кремот во 6 чаши и оставете го во фрижидер најмалку еден час. Извадете ги од фрижидер околу 15 минути пред послужување. По желба декорирајте со шлаг и рендано чоколадо.