Куманово е втор град по болни од корона вирус со 320 лица позитивни на Ковид 19. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски подолго време бара од владата, градот да се затвори по примерот на Дебар. Синоќа повторно побараа 14 дневен карантин, помош во заштитна опрема, помош во медицински персонал, но и бараат да се донесе одлука со која секој кумановец на улица задолжително да мора да носи маска. Општинскиот кризен штаб побара Институтот за јавно здравје најкасно за 48 часа да ги објавува резултатите од земените брисеви за корона вирус.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски кој е од Куманово, не одговори прецизно дали ќе биде прифатено барањето на тамошниот градоначалник.
-На владина седница ќе се разговара дали ќе биде воведен 14 дневен карантин за Куманово, кажа премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
-Големината на градот, опкружувањето, околината и регионот што го опфаќа и најважно ефектите што ќе ги дадат овие мерки, тоа ќе биде основата за носење на овие мерки, рече премиерот Спасовски во однос на можниот карантин за Куманово.