Лекарската комора реагира зошто некои медиуми ги објавија имињата на десеттината доктори за случајот со малата Тамара. За овој случај пред два дена обвинителството соопшти дека е покренат обвинителен акт. Во реакцијата се вели:
Лекарската комора на Македонија во името на сите доктори искрено жали за смртта на Тамара и сочувствува со болката на семејството Димовски. Меѓутоа, како професионална асоцијација, во исто време, има обврска кон пациентите и кон докторите да инсиситира конечно јавноста да биде запознена со целосната вистина за овој случај. Комората смета дека за сите недостатоци и проблеми во здравствениот систем не може да бидат одговорни единствено докторите, особено не за погрешните политики во здравството, се вели во реакцијата на Лекарската комора која ја пренесуваме во целост.
„Лекарската комора на Македонија и во оваа прилика апелира на неопходноста да се !почитува пресумпција на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции.
Сметаме дека овластените институции на системот без влијанија и пристисоци треба да си ги извршуваат своите задачи. Ваквите појави внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината.
Особено кога докторите кои се обвинети во слуајот, што трае повеќе од 40 месеци, инфромација ја добиваат од медиумите без притоа да го имаат приемно обвиненитето со листата на докази. Притоа останува отворена дилемата на прашањето што се случуваше во тој период?!
Од тие причини Лекарската комора на Македонија како професионално асоцијација која се грижи за угледот и достоинството на докторската професија најосторо реагира на постапката за објавата и на поднесеното обвинение против 12 лица во врска со случајот Тамара“, стои во реакцијата.