Леќата како стара култура, ја знаеле античките Грци, Римјаните и Египќаните, на кои што им била важен извор на храна. Во наколните населби по швајцарските езера биле пронајдени докази (8000 години п.н.е.) дека леќата се одгледувала во раното камено време.
Во народната медицина, леќа се користи за третман на:
• разни паразити во цревата, особено глисти кај децата, кога се јаде сурова леќа
• запек
• покачен холестерол
• дијабетес (го спречува растот на шеќер)
• различни инфекции на дигестивниот систем
• го смирува нервниот систем
• ја смирува болката од реума, така што перниче исполнето со загреано брашно од леќа се става на болното место
• анемија и слабокрвност