Витаминот Д е важен во превенцијата од коронавирусот, се вели во една студија објавена во списанието PLUS Студијата покажала дека околу половина од луѓето на кои им недостасува витамин Д развиле тешка форма на болест на ковид-19, во споредба со помалку од 10 проценти од луѓето кои имале доволно нивоа на витаминот во нивната крв.
Знаеме дека витаминот Д е од големо значење за здравјето на коските, но неговата улога во заштитата од тешката форма на ковид-19 е помалку позната. Најновата студија е прва што ги испитува нивоата на витамин Д кај поединци пред да се заразат со Ковид-19, велат авторите на студијата.
– Откривме дека е неверојатно да се види разликата од ризикот од сериозно разболување на лице кога има недостаток на витамин Д во споредба кога лицето има доволно ниво на овој витамин, посочуваат авторите.
Тие велат дека резултатите сугерираат дека витаминот Д помага да се зајакне имунолошкиот систем за да се справи со вирусите кои го напаѓаат респираторниот систем. Според нив овој податок важи како за сојот омикрон, така и за претходните соеви.