Македонија е лидер по број на пушачи во регионот, стануваме „земја на тешки пушачи“

Алармантни се податоците за пушењето во земјава. Лидери сме по бројот на пушачи во регионот и во Европа, а во светски рамки се наоѓаме меѓу 10-те најлоши држави, во кои…

Алармантни се податоците за пушењето во земјава. Лидери сме по бројот на пушачи во регионот и во Европа, а во светски рамки се наоѓаме меѓу 10-те најлоши држави, во кои најмногу се пуши. Пуши половина од македонското население, во просек по 20 цигари на ден. Дополнително, имаме најниски цени на цигарите во регионот и во Европа, а најниско ни е и даночното оптоварување што ги прави цигарите достапни за секого, покажува последното истражување на Аналитика.

Како што беше речено на денешната зум конференција, со ваквите статистики влегуваме во категоријата „земја на тешки пушачи“.

Мажите пушат повеќе од жените, соодносот е 57,9 отсто спрема 39 проценти. Преваленцијата се зголемува со возраста, а врвот е на 45 до 54 години. Повеќето пушачи користат произведени, фабрички цигари, а рачно виткан тутун само 12,5 отсто.

– Дојдовме до сознание дека сме најлоши во регионот и во Европа зашто сме лидер по потрошувачка на цигари. Преваленцата, односно стапката на учество на пушачите во вкупната популација е 48,4 отсто или половина од населението пуши. Просечен пушач кај нас троши 27 евра за цигари месечно што е само шест отсто од просечната плата. Тоа значи дека цигарите се многу достапни, секој може да си дозволи да пуши, истакна Тамара Мијовиќ Спасова.

Особено загрижувачки е податокот дека преку 30 отсто од младите пушат, а многу е застапено и пасивното пушење. Само кај 11 отсто од пушачите во земјава не се пуши дома, а непушачите се изложени на пушење не само во угостителските објекти, туку и во јавните институции, што отвора друго прашање – колку функционира законот.


Related Articles