Македонија е последна земја во регионот според извршени тестови за Ковид-19 на милион жители

Според најновите статистики, Македонија ги руши рекордите во однос на коронавирусот во регионот. Имено на милион жители, нашата земја е последна според бројот на извршени тестови чиј број изнесува само…

Според најновите статистики, Македонија ги руши рекордите во однос на коронавирусот во регионот. Имено на милион жители, нашата земја е последна според бројот на извршени тестови чиј број изнесува само 9 386.

За разлика од нас, првата земја на листата е Словенија која досега има извршено 30 884 тестови на милион жители. На второ место се наоѓа Србија со 21 739 тестови, а на трето е Црна Гора со 15 560 тестови. На четврто место е БиХ со 12 260 тестови на милион жители, Хрватска со 11 666 и Македонија последна со само 9 386 тестови на милион жители.

Според бројот на заразени лица, пак, Македонија е на високото второ место, веднаш зад Србија. Во Србија се регистрирани 1 459 заразени на милион жители, во Македонија 805, а во Словенија 706 заразени на милион жители. На четвртото место е Босна и Херцеговина со 609 заразени на милион, потоа следат Хрватска со 541, Црна Гора со 514 и Албанија со 304 заразени на милион жители.

Бројот на заразените лица се изразува на милион жители поради поквалитетно споредување.

Понатаму, според бројот на починати Македонија е повторно на високото второ место. Во однос на бројот на заразените најголема е смртноста во Словенија, 6,98 отсто, потоа во Македонија со 5,5 отсто, во БиХ 5,2 и во Хрватска 4,12 отсто. Стапката на смртност во Албанија е 3,54, во Црна Гора 2,78, а во Србија 2,15 отсто.


Related Articles