Вчера јавноста беше сведок како  родителите реагираа на одлуката на Филипче за  јавно-приватно партнерство. Родителите беа лути бидејќи на  министерот поважни му се парите на министерот отколку детскиот живот.

По оваа реакција на родителите, и реакцијата на Таравари кој посочи дека сите политики на здравството треба да се сконцентрирани како да се подобрат условите во јавното здравство. Приватното да си функционира, меѓутоа јавното да го направиш јавно-приватно партнерство за според него е скандал.

Се јавија и медицинските сестри по социјалните мрежи. Една од медицинските сестри на ФБ објави дека не разбрала дали Чадиковски е се уште доктор во клиниката за Детска хирургија или пак ангажманот кај Жан Митрев му е хонорарен. И запрашува како во овој проект тимот од медицински сестри ќе се екипира, бидејќи сестрите од Жан Митрев умеат само да негуваат постари луѓе, не знаат деца. Децата се сосема друга категорија. Или пак сестрите ќе одат и во двете клиники.

На овие нејаснотии треба да одговори самиот министер. Бидејќи на нозе против овој проект се кренаа сите категории на граѓани, а министерот никаде го нема. Додека не се разјасни за проектот се, граѓаните и со право ќе креваат глас. Бидејќи здравството е алатка на народот, а не некој поединец да си полни свои и џебови на своите блиски.