Конечно прекрасна вест! Во рекордно време собрана сумата која беше потребна за лекување на малата Нина која боледува од Paraparesis Spastica за што и е потребна операција и постоперативна рехалибитација во САД.
Нина место во август, на операција во САД ќе замине порано и тоа во април. Браво за сите струмичани и за целата земја.
„Потребната сума за операција на нашата Нина се собра во рекордно време,и затоа наместо во август оваа година, Нина веќе во април,за еден месец заминува на закажаната операција во САД…Бидете горди сите кои помогнавте да се реализира сонот на Нина…Останува позитивно да мислиме и да ја дочекаме Нина со убави вести.“ – објави на својот официјален профил Анче Николова Туфекчиева од Здружението „Вера“ од Струмица.