Мал кластер од Штип е причина за рекордните 241 новозаболени од саботата

Во саботата во Македонија беа регистрирани рекордни 241 новозаразени од Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче, во гостување на една од нашите тв куќи рече дека причината е мал кластер…

Во саботата во Македонија беа регистрирани рекордни 241 новозаразени од Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче, во гостување на една од нашите тв куќи рече дека причината е мал кластер во една од конфекциите во Штип. Овој број за него претставува варијација, односно отскокнување од вообичаениот број кој не бил тренд и како што посочи, јасно е идентификуван бројот на новодијагностицирани пациенти и јасно било утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот.

– Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, таму каде што се најдени спорадични случаи вчера, во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за да се намали ризикот од пренос на вирусот“, рече Филипче.

Според министерот за здравство, кога ќе се изземе овој број од саботата кој е варијација, вкупната бројка е всушност она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период.

Повторно, според министерот, граѓаните и нивното непочитување на мерките, но и неносењето маски се главните причини за ширењето на вирусот.


Related Articles