Меѓународен ден за заштита на детето

Со заложби за посветена работа кога е во прашање намалувањето на детската сиромаштија, обезбедувањето еднакви шанси за секое дете и подобри услови за живот и ран детски развој. Опфатот на…

Со заложби за посветена работа кога е во прашање намалувањето на детската сиромаштија, обезбедувањето еднакви шанси за секое дете и подобри услови за живот и ран детски развој.

Опфатот на деца за детски и образовен додаток е зголемен за 20 пати, се работи на намалување на детската сиромаштија која во моментот изнесува околу 30 %.

Министерството ги подобрува условите за ран детски развој. Зголемен е капацитетот на градинките за 23 нови објекти а целта е во следните 4 години опфатот на деца во градинките да се зголеми за 50%. За таа цел за 2019 е обезбеден 300% повисок Буџет за нови градинки и поквалитетно предучилишно образование, информираат од Министерството за труд и социјална политика од каде дополнуваат дека За 16 месеци за 75 % е намален бројот на деца сместени во институции.

За да се превенираат пак сите форми на насилство врз децата вклучувајќи го и запоставувањето, нашата земја е прва во регионот која  воведе индикатори за препознавање на деца жртви на насилство.


Related Articles