Ваквото есенско време во лето лошо влијае и на болните и на здравите луѓе, велат лекарите. Според нив секој втор човек чувствува главоболка, поспаност, нерасположеност… Деновиве најчувствителни се метеопатите.
-Метеопатијата се јавува кај здравите исто така и кај хронично болните лица. Се карактеризира со малаксаност, главоболка, болки во коските итн. изјави д-р Анита Симјановска, шеф на смена во Брза помош Скопје.
Од скопската брза помош велат дека изминатите неколку дена имаат зголемен број на повици од граѓани со покачен крвен притисок. На ваквото време лекарите советуваат граѓаните да бидат внимателни додека возат бидејќи брзо паѓа концентрацијата и може да дојде до сообраќајна несреќа.