Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ќе го посети Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од Министерството за здравство, посетата е по повод промоција на партнерство со Црвениот крст за санитетски транспортни возила.