Опаѓањето на јавната доверба во вакцините е голем предизвик кој веќе влијае на здравјето, предупредија членовите на Европскиот парламент во резолуцијата усвоена денеска на пленарната седница во Стразбур.

Епидемиолошките податоци од земјите членки на ЕУ покажуваат значителни недостатоци во степенот на прифаќање на вакцините, односно стапка на недоволна вакцинација, се предупредува во резолуцијата.

Зголемениот отпор кон вакцинацијата од страна на луѓето доведе до зачестена појава на сипаници, а поради тоа зголемени се и смртните случаи во неколку европски земји.

Пратениците истакнаа дека вакцините во денешно време се подложени на ригорозни тестирања, со повеќе фази на испитувања. Исто така европскиот парламент ја повика Комисијата да продолжи да ја зајакнува својата поддршка за националните системи за вакцинација со цел да се зголеми свеста кај јавноста.

Европарламентарците повикаа и на дијалог со граѓанското општество со цел да се потиснат нерелевантните, погрешни и научно неприфатени информации за вакцинацијата.

ЕП побара и поголема транспарентност во производството на вакцини и во финансирањето на независните истражувања за можните несакани ефекти од вакцината, со цел да се придонесе за враќање на довербата во програмите за вакцинација.

Според објавените податоци, благодарение на вакцинацијата, на годишно ниво се спречуваат околу 2,5 милиони смртни случаи во светот, а се намалуваат и трошоците за лекување на одредени болести, вклучувајќи ги и третманите со антибиотици.

„Од 2008 до 2015 година во Европа имало 215 илјади случаи на болести кои можат да се спречат со вакцинација, притоа не сметајќи го грипот. Ова за жал, не е чудно доколку се знае дека скептицизмот кон вакцинација во Европа е меѓу највисоките во светот